Луна Џогани и Марко Миљковиќ го очекуваат своето второ дете. Откако пред неколку месеци Луна ја загуби бременоста, парот денеска објави дека повторно ќе станат родители.
Марко и Луна на своите Инстаграм профили објавија фотографии од нивната ќерка Миа која отвора кутија од која излегуваат розови балони што значи дека очекуваат уште едно девојче, а Миа ќе биде голема сестра.
-Мојата љубов ќе добие сестра, нејзина најдобра пријателка за цел живот, да се следат низ животот и да се чуваат безбедни! Толку многу сакав да знаеш што значи да имаш сестра/брат и никогаш, ама никогаш да не си сама! Идната голема сестра Миа, објави Луна на Инстаграм.
Малата Миа оваа година ќе наполни две години.