Овој трик воодушевил многумина на социјалните мрежи – станува збор за неговата ефикасност.
Сигурни сме дека досега сте барале различни трикови во домаќинството, кога станува збор за таблетата за миење садови која што се става во машината, но овој едноставен производ станува сè попопуларен.
Имено, покрај својата основна употреба, а тоа е да ги измие садовите, оваа таблета може да се искористи и во чистењето на рерната, туш кабината, машината за перење алишта.
Неодамна на интернет се појави уште една намена за употреба на оваа таблета.
Имено, таа наводно може да ги отстрани флеките на вашата облека, за кои што сте биле сигурни дека не можат да се исчистат.
„Мојот сопруг има флеки од масло на неговата облека. Инаку ја пере на работа во индустриска машина за перење алишта, а и јас некогаш му ја перам дома.
Денес решив да ја исперам со четири таблети за садови и не можам да верувам како водата изгледаше по перењето“ – напишала некоја жена на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи фотографија од црната вода.
Трикот воодушевил многу корисници на социјалните мрежи, но многумина предупредиле дека не треба да се користат таблетите доколку некоја облека е од понежен материјал.
Исто така количината на таблетата треба да се прилагоди на тоа колку облека перете и колку флеките се тешки за отстранување.