И додека некои хороскопски знаци веќе имаат список со подароци и сè уредно спакувано од октомври, има и такви кои на Бадник се потат во трговските центри, грабајќи ги последните парчиња од полиците. Тие не само што доцнат со набавките, туку секогаш ветуваат: „Следната година ќе направам сè на време!“. Се разбира, таа следната година никогаш не доаѓа. Доколку некогаш сте се запрашале за кои хороскопски знаци станува збор, во продолжение ќе ви ги откриеме.БлизнациБлизнаците се вечни мајстори за одложување. Нивниот проблем не е само што доцнат со набавките, туку и до последен момент им е тешко да одлучат што всушност да купат. На крајот ќе влезат во првата продавница и ќе изберат што им изгледа интересно во тој момент. И ако нема подарок? Ништо страшно, Близнаците се ќе надокнадат со шармантна насмевка и духовито објаснување дека специјално го нарачале подарокот, но тој ќе пристигне после Божиќ.Зошто Близнаците купуваат во последен момент? Тие секогаш се зафатени со милион други работи и само забораваат додека не биде предоцна. Но и тогаш нивната спонтаност успева да ги освои сите.СтрелецСтрелците се вистински слободни духови за кои Божиќните рокови звучат како неважни правила. Нивната филозофија е „Имам време“, додека не сфатат дека имаат само еден ден до Божиќ. Стрелец во последен момент ќе трча низ продавниците, избирајќи подароци кои можеби немаат многу смисла, но се забавни и носат насмевка. Нивниот ентузијазам секогаш ја надополнува нивната неорганизираност.Зошто Стрелците купуваат во последен момент? Не сакаат да планираат. За нив спонтаноста е дел од шармот, а подароците купени во последен момент сепак успеваат да внесат насмевка на лицата на другите.ОвенОвните не се неспособни за организација, но често мислат дека имаат повеќе време отколку што всушност имаат. Љубовта кон адреналинот и брзината ги прави идеални кандидати за пазарење на Бадник, кога продавниците се преполни, а изборот е ограничен. Овните ги сакаат предизвиците, дури и кога се непотребни и уживаат во чувството на победа кога во последната секунда ќе го најдат совршениот подарок.Зошто Овенот купува во последен момент? Го сакаат тој хаос и брзаат затоа што мислат дека ќе бидат поефикасни. Колку е постресна ситуацијата, толку повеќе се забавуваат.РибаРибите се оние луѓе кои со љубов размислуваат за совршените подароци за секого на почетокот на декември, но никогаш не наоѓаат време навистина да ги купат. Тие се мајстори да се изгубат во сопствените мисли, а кога конечно ќе сфатат дека до Божиќ има два дена, сè што можат да направат е да се надеваат на најдоброто. Рибите често ќе купат нешто сосема непрактично, но со толку многу срце што никој не може да ги обвини. Нивното внимание лесно талка на се освен на рокови, па затоа празниците често ги изненадуваат.
Пронајдете не на следниве мрежи: