Играта заврши. Ова веќе нема врска со ништо што може да се смета за нормално.
Во фудбалот одамна има луди суми. Многупати споменатата фраза како на пример доктор толку заработува, а фудбалер 1000 пати повеќе е суровата и болна вистина на овој свет.
Често се мисли дека нема понатаму и дека границата на пари во фудбалот е максимум, но.. Тогаш таму се појавува клуб по име Ал Наср кој прави нешто што ја навредува интелигенцијата.
Во таа приказна се вмешува и Кристијано Роналдо и пали и му удира шамар на здравиот разум.
Договорот кој го потпиша овој безначаен клуб (за сериозниот фудбалски свет) и португалскиот ас е вреден 200 милиони евра на годишно ниво!
Што да му кажам на тоа освен: болен.
Како што можете да видите на графиката на Курир, Роналдо заработува 6,3 долари секоја секунда. Значи, за 16 секунди е побогат за 100 долари (евра).
Ако се земе предвид дека спие осум часа, во тој период заработува 182.000 евра. Дневно 548.000 евра…