Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа уверлива победа над Галатасарај од 3:0, додека Малага и Борусија Дротмунд одиграа 0:0 во првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони.Играчите на Реал делуваа можне сигурно против турскиот шампион, чии фудбалери многу храбро влегоа во натпреварот.Таа храброст на Галатасарај не му се исплатеше, за разлика од противникот фудбалерите на Реал ги искористија своите шанси и речиси се сигурни патници во полуфиналето.Кристијано Роналдо во раната фаза на натпреварот, во 9.минута, го искорсти додавањето на Езил и го совлада Муслера. Дваесет минути подоцана Бензема ја удвои предноста на „кралскиот клуб“, а убедливиот триумф на Реал го заклучи Игуаин во 73.минута.Малага и Борусија одиграа добра натпревар на кој му недостигаа само погодоци. Во центарот на вниманието беа голамните Вили (Малага) и Вајденфелер (Борусија) кои одбранија неколку тешки удари. Инаку Борусија беше поблиску до триумфот, но Марио Геце во два наврати во првото полувреме не успеа да погоди од изгледни позиции.
МакфаксФудбалерите на Реал Мадрид забележаа уверлива победа над Галатасарај од 3:0, додека Малага и Борусија Дротмунд одиграа