Овој тест е поинаков од останатите. Ни ги покажува силите што демнат во нашата психа и ги поттикнуваат нашите избори. Направете го и дознајте што е она што сакате да го привлечете во моментов.
Животните се духовни архетипови на различните животински видови и играат важна улога како духовни заштитници и медиуми помеѓу природното, духовно царство и човечкиот вид. Некои веруваат дека тие им помагаат на мажите и жените да ги сфатат своите способности за создавање и развој како духовни и физички ентитети. Слично на концептот за животинскиот тотем, ќе видите што за вас кажува изборот на животното во кое сакате да се претворите.
Магичен тест: Во кое животно би сакале да се претворите?
Па ајде да почнеме. Во кое животно би сакале да се претворите? Дали е тоа мечка, пеперутка, мачка, врана, коњ, глушец или делфин?
Мечка: Сила на заштитата
Мечките се сметаат за големи мајки бидејќи долго остануваат со малечките, се грижат за нив и им го покажуваат светот. Ако сакате да се претворите во мечка, мора да ги погледнете овие клучни зборови бидејќи тие значат нешто за вашата личност и состојба: граници, креативност, мајчинство, исцелување, лунарна мистерија, моќ, храброст.
Пеперутка: Сила на промените
Со својата неверојатна способност да ја променат својата ДНК, пеперутките се мајстори на трансформацијата и во многу култури често се сметаат за гласници. Ако сакате да постанете пеперутка, следните клучни зборови можат да ви значат нешто и да ви откријат во каква состојба моментално се наоѓате: трансформација, светлост, големи промени, транзиција, духовно дело, изразување, креативност, мир.
Мачка: Сила на чистата магија
За мачките отсекогаш се сметало дека поседуваат магична моќ, т.е. дека им помагаат на вештерките и магионичарите да постигнат подобра усогласеност со вишите сили. Во вештерството цврсто се верува дека мачките можат да гледаат во други димензии и да забележат духови, духовни облици и други ентитети. Ако сакате да се претворите во мачка, можеби барате независност или разбирање на мистеријата. Овие клучни зборови ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси: интуиција, магија, внатрешно насочување, лунарна мистерија, независност, потпирање на себеси.
Врана: Сила на мудроста
Враните се многу интелигентни суштества и често се поврзуваат со светот на мртвите, па не е ни чудно што обично се прикажани како летаат над гробиштата во потрага по храна. Ако сте одлучиле да се претворите во врана, можеби барате слобода и сакате да се ослободите од своите стравови. Некои од овие клучни зборови би можеле да ви помогнат подобро да се разберете себеси: манифестирање, предупредување, пророштво, рамнотежа, исправување неправди, разум.
Коњ: Сила на страста
Еден од највообичаените животински архетипови… Луѓето многу ги сакаат коњите. Можеме да ги видиме во приказните за кентаурите – получовек, полукоњ – и се сметаат за многу интелигентни и со исклучителни борбени вештини. Ако сакате да се претворите во коњ, анализирајте ги овие зборови: авантура, патувања, моќ, трпение, сочувствителност, цел.
Глушец: Сила на благословот
Глувците многу се плашат, но исто така и се почитуваат. Во будизмот глушецот било првото животно кое реагирало на повикот на Буда. Ако сакате да се претворите во глушец, тогаш веројатно сакате да поминувате незабележано. Исто така, за вас може да се релевантни овие зборови: испитување, пресуда, недостаток на чесност, ривалство, благослов, божја интервенција, изобилие, благодарност.
Делфин: Сила на креативноста
Делфините се сметаат за разиграни суштества со голема способност за комуницирање и се едни од цицачите кои покажуваат знаци на висока интелигенција. Но, тие се исто така големи борци и нема да се двоумат дали да ја заштитат својата територија и да ги нападнат натрапниците. Сакајќи да се претворите во делфин, вас веројатно ве дефинираат барем некои од овие зборови: комуникација, разиграност, позитивност, стратегија, музика, медитација.