Мадона никако не ја јаде оваа намирница: Диета која топи сè до последен грам

Иако има 62 години, популарната пејачка има совршена линија. Оваа диета е создадена специјално за Мадона од нејзиниот личен тренер и нутриционист.

Оваа диета дава резултати, но не преку ноќ. Можно е да изгубите 1 килограм за седум дена, но тоа е најздравата опција и ветува дека килограмите нема да се вратат. Позначајни резултати ќе забележите по еден месец.

Ова е најпрепорачливиот начин за слабеење, особено ако сакате да ја задржите вашата нова линија. Основното правило е, внесете масти, протеини и јаглехидрати во сооднос 30:30:40.
Јаглехидратите мора да бидат сложени, а тоа се зеленчук, овошје, цели зрна, а не лошите како бел леб, бел ориз, брза храна, шеќер и тестенини.
Мастите се задолжителни, бидејќи го намалуваат чувството на глад, го стимулираат мозокот и даваат чувство на задоволство. Заборавете на кофеинот, а за да одржите здрав сооднос (масти, протеини, јаглехидрати), јадете грст протеини и двојно повеќе јаглехидрати. Умерено користете преливи и масла за салата.

Предлог мени
Појадок: тост со две белки и едно јајце; јаболко, портокал или круша.
Ручек: пилешки или мисиркини гради во сендвич со леб од цело зрно и малку мајонез.
Вечера: една порција протеини (риба, пилешки гради или говедско месо), многу зеленчук, мала порција тестенини од цело зрно и половина мал печен компир.
Вежбање
Што се однесува до физичката активност, потребно е да одвоите по еден час 3 пати неделно. Идеалниот тренинг се состои од половина час кардио, 20 минути вежби за сила и обликување и 10 минути истегнување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.