Мадона летово била во индуцирана кома: Се онесвестив на подот во бањата

Мадона неодамна откри дека летово била во индуцирана кома и дека една жена и го спасила животот. Имено, на еден од нејзините последни настапи во Њујорк, таа им се заблагодари на пријателите и луѓето од нејзината околина и изјави дека ја спасила жена која не ја ни памети.

(Видео) Русија во новогодишно видео симболично го убива Дедо Мраз
Министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, на социјалната мрежа „X“ објави дека Русија направила контраверзно новогодишно видео. „Руските канали на ‚Телеграм’ објавија видео како Дедо Мраз е поразен …
СДСМ: Граѓаните се гушат, власта мора да преземе мерки против загадувањето на воздухот
Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ, вели дека борбата против загадениот воздух е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и институциите за намалување на загадувањето. …

„Има некои многу важни луѓе во оваа соба вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница, на која не се ни сеќавам. Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив во ИЦУ. Зачуван е мојот живот“, изјави пејачката.

Таа потоа откри дека поминала 48 часа во индуцирана кома, а кога се разбудила ги видела своите деца и се пошегувала дека „речиси морала да умре“ за да ги види сите нејзини деца собрани во една соба.

Инаку, Мадона итно била префрлена во болница на крајот на јуни, а нејзиниот менаџер Гај Осеари потоа сподели на Инстаграм дека Мадона развила сериозна бактериска инфекција поради која останала извесно време во болница и била под надзор на лекари. .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.