Кога станува збор за вештините за заводување, жените родени во знакот на Овен никој не може да ги замени.
Овните се родени лидери, а нивната харизма и динамичност се главните карактеристики кои го привлекуваат спротивниот пол. Она што мажите особено ги возбудува кај нив е неописливата енергија поради која секој ден го претвораат во авантура.
Нормално, тие имаат и изразена страственост и желба да го задоволат партнерот за да му покажат што сè знаат. Жените Овни се многу оптимистични и борбени и не се стремат кон тоа да најдат партнер кој ќе доминира во врската, туку некој со кого би биле на исто рамниште.
Кога ќе се заљубат, стануваат многу романтични, а истовремено и љубоморни и не простуваат неверство и лажење. Ако ѝ стапнете на нервите, ќе исчезне од вашиот живот пред да стигнете да смислите оправдување поради што никогаш нема да ја заборавите.
Ако сте се заљубиле во жена Овен и успевате да го следите нејзиното темпо и интензивност, треба да знаете дека имате партнерка која ќе се потруди секој ден да ви го направи незаборавен.