Според италијанските медиуми, мажот се самоубил по неуспешни преговори со полицијата
Маж (45) кој рано утрово пукал од прозорецот на својот стан во Сан Џовани а Тедуцио во Неапол, си го одзел животот .
По преговорите, полицијата упаднала во станот каде покрај телото на маж , за кој се претпоставува дека извршил самоубиство, пронашла безживотно тело на жена.
Според италијанските медиуми, мажот се самоубил по неуспешни преговори со полицијата.
Napoli, si è sucicidato il vigilante che ha ucciso la moglie in casa a San Giovanni a Teduccio: Si è suicidato l’uomo che si è barricato in casa a san Giovanni a Teduccio… https://t.co/5n2CEhlv9H #CronacadiNapoli #SanGiovanniaTeduccio #UltimeNotizie— Cronache della Campania (@cronachecampane) February 8, 2024
Потсетуваме, мажот од прозорецот на својот стан на четвртиот кат наводно викал дека ја убил сопругата и пукал на сите страни, поради што полицијата ги блокирала патиштата и им забранувала на пешаците да се движат.
Според италијанските медиуми, мажот имал три деца, од кои две биле на училиште, а третото било на излет.
Според некои соседи, човекот претходно работел како обезбедување, но останал без работа поради сомневање дека украл пиштол.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.