Најмалку осум луѓе се повредени кога засега неидентификуван млад човек со автомобил влетал меѓу пешаци на улица, каде се собирале за дочекот на Новата година во Токио.
Напаѓачот е уапсен под сомнение дека намерно се обидел да убие луѓе со неговото возило, пренесе АП.
На видео-снимката што ја објави локалана телевизија, се гледа мало возило чиј преден дел е смачкан, како и полицајци и возило на брза помош кои се наоѓаат на лице место.
Инцидентот се случил во делот на градот познат по туристи и обожаватели на модата и поп културата кои се собираат на тоа место.