Маж со автомобил синоќа го пробил обезбедувањето на капијата на Ватикан, стигнувајќи до централниот двор на Апостолската палата, по што и се предал на полицијата, соопшти денеска Ватикан.
Човекот со својот автомобил минал низ портата на Света Ана и стигнал до дворот на Сан Дамасо, каде што се наоѓа Апостолската палата во која живееле претходните папи и каде папата Франциск сè уште одржува официјални состаноци. Се додава дека припадник на швајцарската гарда пукал во автомобилот со пиштол.
Британските медиуми јавуваат дека зад воланот бил маж на околу 40 години и дека бил во „нестабилна психичка состојба“, како и дека не се приближил до зградата од другата страна на дворот каде што живее папата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.