Истрагите на виенската работна група за борба против уличен криминал (EGS) доведоа до две апсења и запленување на повеќе од 50 килограми дрога. Уличната вредност на дрогата е околу 700.000 евра.
ЕГС најпрво уапси 30-годишен државјанин на Македонија, информира полицијата. Откриен е таканаречениот „бункер“, односно станот во Отакринг во кој била скриена дрогата.
Портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих изјави дека мажот претходно се обидел да избега, фрлајќи две кеси во кои имало околу 30 килограми смола канабис и 94 електронски цигари со ТХЦ.
Тој, сепак, бил фатен во станот. Таму била пронајдена и поголема количина опојни средства. Запленети се вкупно речиси 52 килограми смола канабис, околу 2,3 килограми марихуана, електронски цигари ТХЦ и речиси 60.000 евра готовина.
По наредба на виенскиот јавен обвинител е одведен во виенски затвор.
Речиси во исто време е откриено и одгледувањето на растението канабис во подрумскиот ресторан во Пензинг. Објектот бил откриен поради многу силен мирис кој се чувствувал со денови.