“Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК

Денес од “Македонија-Блокира“ најавија поднесување кривична пријава против ДИК за, како што велат, свесно одбиената кандидатура на д-р Филип Петровски за претседател.
“Македонија-Блокира„ на 21 март, четврток, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе ја поднесе најавената кривична пријава против членовите на Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на д-р Филип Петровски за претседател на Република Македонија.
Од движењето тврдат дека со сторени повеќе кривични дела ДИК свесно ја спречила кандидатурата на Петровски за претседател на Република Македонија.
Кандидатот на “Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски имаше многу повеќе од потребните 10.000 потписи, но, Државната изборна комисија по секоја цена го спречи да се најде на избирачкото ливче на 21 април како кандидат за претседател на Република Македонија, тврди движењето.

 

 

Loading...