На денешен ден се навршуваат две години од упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, кој со своето долгогодишно архипастирско служење остави значаен белег во животот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, особено во историјата на Бигорскиот манастир.
По повод годишнината од неговото упокојување, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, монашкото братство на Бигорскиот манастир отслужи молитвен спомен за покој на неговата душа.
Во молитвеното сеќавање, монасите упатија благодарност за придонесот на митрополитот Тимотеј во развојот и напредокот на монашкиот живот, како и за поддршката што ја давал на Бигорската свештена обител и на останатите манастири во рамките на Дебарско-кичевската епархија.
Од Бигорскиот манастир истакнуваат дека покојниот митрополит оставил длабок и неизбришлив белег во нивната историја, особено преку придонесот за создавање услови за слободен и благословен монашки развој.По повод годишнината, од манастирското братство упатија молитва Господ да ја упокои неговата душа во обителите на праведните и да му ги воздаде небесните блага за неговите земни трудови.„Нека му биде споменот вечен и блажен!“, порачуваат од Бигорскиот манастир.


