Во моментов не размислуваме бидејќи нема доставено таква иницијатива. Секогаш и АРМ и сите стручни служби што се поврзани со ова прашање, се на готовност доколку има потреба, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски околу евентуалното можно враќање на задолжителниот воен рок во Македонија.
Сепак, вели Мисајловски, убаво е доколку еден млад човек помине одреден период во Армијата и сега таа можност е дозволена на доброволна основа.
-Доколку има иницијативи и причини, преку дебата би го разгледувале, кажа министерот за одбрана.
Околу евентуална нова пратка помош за Украина, Мисајловски на прес-конференција истакна дека не се разговарало во Владата.
-Мој став и приоритет ќе биде модернизација и целосно фокусирање на нашата Армија, додаде министерот.