Македонија ги отвора границите на 1-ви јуни, полицискиот час се укинува

Од 1-ви јуни се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час се укинува, препорачува Комисијата за заразни болести.
Состанокот беше утринава, а според нивните сугестии дозволено е кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата.

За денеска се уште нема закажана владина седница, но не се исклучува да биде одржана.
Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 05 часот наутро. Извор од Комисијата за Фактор вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружувале. Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.