Македонија домаќин на воената вежба „Одлучен удар“

На денешната 130-та седница Владата на Македонија ја разгледа и прифати информацијата за изведување на вежбовната активност на Армијата на Македонија и Командата на US EUCOM „Одлучен удар“, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули годинава. На седницата на предлог на Министерството за одбрана Владата донесе и одлука за одобрување за влегување и престојување на припадници на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради изведување на вежбовната активност „Одлучен удар“.
– Според информацијата усвоена на денешната седница станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на Република Северна Македонија во НАТО. На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2.000 припадници на Армијата на РСМ, и активно учество на 2.000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила, наведено е во соопштението од владината прес-служба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.