Македонија не се предомислува и реши да не ја следи одлуката на Германија и нема да ја дава вакцината „Астра Зенека“ на лица помлади од 60 години, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Германија вчера одлучи оваа вакцина да биде достапна на сите кои имаат над 18 години. Токму одлуката на германските здравствени власти, а потоа и на Канада, беше директен повод и Македонија да донесе слична одлука и да ја ограничи „АстраЗенека“ на лица над 60-годишна возраст.
Утрово разговарав со нациналниот координатор за имунизација и со повеќе експерти и одлучиме дека ќе се следат уште анализи. Не се следи само примерот во Германија, туку и Канада, Франција, Италија, ќе се анализираат други публикации, изјави Филипче.
Околу 15 илјади македонски граѓани се вакцинираа во Србија со „Астра Зенека“ и српскиот министер за здравство рече дека тие може да ја примат втората доза во Србија.