МАКЕДОНИЈА: 45-годишна жена почина од грип, седум пациенти се во болнички кревети

45-годишна жена почина од грип, додека седум пациенти се во болнички кревети. Кај пет од нив е потврдена заразата, а за двајца се уште се чекаат резултати од клиничките испитувања.

Ваков е најновиот биланс на здравствените власти за оваа сезонска болест. Во меѓувреме, расте бројот на новозаразени.

Доктор Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести појаснува дека жената која починала имала и други здравствени проблеми, но и не била вакцинирана. Релативно младата почината жена е шестиот пациент во последните недели, кој влезе во „црните статистики“.

Пикот се уште не е достигнат и допрва ќе следи, предупредуваат епидемиолозите. Стручните лица од Комисијата за заразни болести денес се состанаа, но не донесоа никакви мерки туку само препораки.

Идната недела започнува второто полугодие и не треба да стравуваме од одложување, дециден е претседателот на Комисијата за заразни болести.

Во меѓувреме, извештаите на Институтот за јавно здравје информираат и за другите заразни болести присутни во моментов. Засега има само два случаи на голема кашлица.

Вакцината е клучна за најмалите – посебно за оние до две години. Ќе се прегледуваат и здравствените картони на децата. Невакцинираните ќе бидат повикани на вакцинација. Досега против сезонски грип се вакцнирани повеќе од 60.000 лица. Повеќе од 80% од децата се имунизирани против голема кашлица, објави Телма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.