Познатиот хрватски пејач Петар Грашо за српскиот магазин „Блиц Плус“, открива дека една случка со обожавателка од Македонија ќе ја памети како најнеобична во неговиот живот.
Иако се смета за просечен маж без мускули и живот посветен на изгледот, тој сепак е голем миленик на дамите од понежниот пол.
-Што се однесува до обожавателките, имаше неколку непријатни ситуации, кои ја поминуваа тенката линија. Девојка од Македонија еднаш дојде и спиеше пред мојата куќа додека бев на турнеја. Соседите ме повикаа да ми кажат дека некој кампува пред мојата куќа. Кога дојдов, на убав начин го решивме тоа. Ја повикав во куќата, и покажав дека сум само човек и дека ја сакам својата приватност. Потоа таа си отиде дома, понекогаш ми пишува, се омажила, има две деца. Ова не е некаква ексклузивна приказна која ја имам во животот. Веројатно повеќето луѓе кои се медиумски експонирани имаат такви ситуации. Меѓутоа, тоа никогаш не влијаеше на стабилноста на мојата врска, вели Грашо.