Македонскиот клуб ја освои титулата во Австралија, ечи „Бисер балкански“ од соблекувалната

На 3 кола до крајот во четвртата лига север на државата Викторија, македонскиот клуб Лалор Слога Јунајтед го осигура 1 место и шампионската титула за 2018 година. Во дербито на колото против вториот Даребин Јунајтед, Лалор Слога одигра 1:1 што направи недостижна предност од 10 бода. Ја пееја „Бисер балкански” и „Едно име имаме“ како и скадирање МАКЕДОНИЈА и со многу емоции го прославија пласманот во повисок натпреварувачки ранг. Ова се момци македонци на кои треба капа да им се симне и да се пофалат за својот борбан спортски дух но и за македонскиот дух. Кога ги гледаме можеме со сигурност да кажеме дека МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ.

Фудбалерите на Лалор Слога шампионската титула ја прославија со Бисер Балкански

Фудбалерите на Лалор Слога шампионската титула ја прославија со Бисер Балкански.

Posted by SBS Macedonian on Saturday, August 11, 2018

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.