Фудбалските репрезентации на Белгија и Македонија, во вторник, ќе го одиграат натпреварот од шестото коло во А групата, од европските квалификации за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Бразил.Македонската репрезентација, која од неделата се наоѓа во Брисел, во пресрет на натпреварот, одржа два тренинга, но поради лошото време во Брисел не доби можност ниту еднаш да тренира на стадионот Крал Бодуин, каде ќе се одигра мечот.Селекторот Чедомир Јаневски за натпреварот нема да може да смета на услугите на Грнчаров и Демири, кои имаат парни жолти картони.Од друга страна во екипата ќе се врати Глигоров, кој поради суспензија не играше во Скопје, заедно со него во дефанзивсниот ред за врска се очекува натпреварот да го започне Тасевски.Покрај Глигоров суспензијата ја одлежа и Георгиевски, но прашање е дали тој ќе биде во тимот со огледа на долгата пауза која ја имаше поради повредата.Белгијците ќе бидат посилни за разлика на натпреварот во Скопје, во екипата ќе се врати капитенот Компани, за кого ова ќе биде прв натпревар по речиси две месечна пауза.Натпреварот во Брисел ќе започне во 20:45 часот, во истиот термин својот натпревар ќе го започнат Велс и Хрватска, додека Србија и Шкотска ќе стартуваат во 20:30 часот.На табелата во А групата водат Белгија и Хрватска со 13 бодови, шест има Велс, следуваат Србија и Македонија со по четири бодови, додека Шкотска е последна со два бода.
МакфаксФудбалските репрезентации на Белгија и Македонија, во вторник, ќе го одиграат натпреварот од шестото коло во А групата