Автобус со македонски регистарски таблички, остана без покривот, откако возачот удри во надвозник во близина на градот Пловдив во Бугарија. Возачот не го забележал предупредувањето за ограничена висина од 3,3 метри на возилата кои можат да поминат под надвозникот, па удрил во надвозникот, при што буквално останал без покривот, јавуваат бугарските медиуми.
За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета.