Франција ќе ја поддржи Македонија на европскиот пат, ако Македонија ги почитува преземените меѓународни обврски, објавија официјалните француски власти по денешната кратка средба меѓу Мицкоски и Макрон.
– Претседателот на Републиката (Франција) разговараше со Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија, овој четврток, 7 ноември 2024 година, на маргините на 5. Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта.
За време на оваа средба, двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот.
Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, притоа почитувајќи ги нејзините меѓународни обврски. – стои во официјалното соопштение на француските власти.
Премиерот Мицкоски елегантно ја заобиколи оваа напомена од Макрон во неговата објава на Фејсбук.