Францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на тет-а-тет средбата со српскиот претседател Александар Вуќиќ во Париз изјави дека „прашањето за Косово е ветување и залог за иднината на регионот“ и дека сето тоа е содржано во договорот што беше склучен пред една година, на кој се обврзаа двете страни, а Вучиќ посочи дека „Приштина не направила ништо и дека не исполнила ниту една точка ни од Охридскиот, ниту од Бриселски договор“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Секоја страна мора да придонесе за патот и во таа смисла сакам да го поздравам гестот направен од двете страни, но сега треба да одиме уште подалеку. Знам дека сте подготвени и вие тоа го повторивте за време на нашиот заеднички разговор во Брисел. За мене тој пат е неопходен. Потребно е, од една страна, одговорните за нападот во Бањска минатата есен да бидат изведени пред судовите за да одговараат за своите постапки. Треба се да направите се за да не се повтори таква драма, рече Макрон.