Францускиот претседател Емануел Макрон негира дека притворот на основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров е политичка одлука.
„Еве читам лажни информации за Франција по апсењето на Павле Дуров. Франција е најмногу посветена на слободата на изразување и комуникација, иновациите и претприемништвото. Така ќе остане. Според владеењето на правото, на социјалните мрежи, како и во реалниот живот, слободите се остваруваат во рамките утврдени со законот со цел да се заштитат граѓаните и да се почитуваат нивните основни права“, рече Макрон.
„Апсењето на претседателот на Телеграм во Франција се случи во рамките на тековната судска истрага. Ова во никој случај не е политичка одлука. Одлуката е на судиите“, посочи тој.
Дуров беше обвинет дека одбил да соработува на Телеграм за прашања за финансиски и сајбер криминал, објавија медиумите повикувајќи се на француската полиција.
Претходно прес-службата на францускиот оддел за надворешна политика објави дека нема да го коментира апсењето на Дуров поради „почитување на независноста на судскиот систем“.
Да потсетиме, француските медиуми во саботата вечерта објавија дека основачот на Телеграм, Павле Дуров е приведен на аеродромот Бурж. Дуров бил приведен кога се симнувал од приватен авион, кој наводно допатувал од Азербејџан.