Максим Димитриевски: Зоран Заев е во постојана комуникација со Христијан Мицкоски

Претседателот на партијата ЗНАМ и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во своето гостување во емисијата Клик Плус уште еднаш потврди дека постои сериозна соработка и комуникација помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски.

-Ние не сакаме да бидеме лицемерни пред граѓаните и да им работиме позади грб како што одредени политички партии тоа го прават во континуитет. Видете најпростиот пример за тоа е актуелен лидер на опозиција ви комуницира со поранешен премиер.

Клучните предизвици со кои ќе се соочи Руте во НАТО
Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја преземе во вторник функцијата нов генерален секретар на НАТО во опасен момент за западната воена алијанса. …
Апаcиев: Дафинчето „мало неpвозна“ кога ѝ се cпомнаа шеcте cтана – „Кажи му на твојот лидеp алкоxоличаp да не те с’ска„
Вистинска драма се случуваше на комисиската расправа за втор заменик диектор на Царина во македонското собрание. Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев ѝ …

Неодамна ниту пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска не собра храброст да ги демантира средбите на Мицкоски и Заев и изјави „Јас за тоа не можам да потврдам ниту да демантирам, се шпекулира средби помеѓу Заев и Мицкоски, но мислам дека тоа е сосема ирелевантно“.

Средбите ги потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој изјави дека не е навреден затоа што не бил на тајните средби меѓу Заев и Мицкоски, за кои вечерва практично потврди дека се случиле.

Новинарот Попетревски го праша министерот Спасовски дали бил навреден што тој не бил дел од групата која била на тајни средби со Мицкоски.

– Не бев на таа средба и немам зошто да бидам навреден, јас сметам дека некој во тоа време проценил дека треба да напрваи некаков тим кој ќе разовара за одредени прашања во СДСМ, тоа го направиле, разговарале заеднички и жалам што ги пренесоа тие разговори во јавноста.

За тајните средби на Заев и Мицкоски пишуваше и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кога преку објава на својот фејсбук-профил го обвини актуелниот претседател на неговата партија, Христијан Мицкоски, дека имал тајна соработка и заеднички планови со претходниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојузништво со З.Заев. Јас кога заминав тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот ‘џелат’ на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека ‘Сичките сме сшти’, ‘един народ сме’ итн. До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е најкорумпираниот политичар, предавник“, пишуваше Груевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.