Максим Димитриевски сега е негативен на тест за КОРОНАВИРУСОТ

Почитувани пријатели, драги граѓани,
– Ви се заблагодарувам од срце на сите пораки со подршка и желби за закрепнување.
Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.
– Сите тестови се НЕГАТИВНИ
Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.
Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.
– Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.
Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.