Една година по грозоморното убиство на 12-годишното девојче Луизa во Германија, медиумите објавуваат нови детали за злосторството што ја потресе Европа.
Луиза е убиена на 11 март 2023 година, а за нејзиното убиство се осомничени нејзината најдобра другарка (12) и уште едно дете (13).
- Google Photos добива едноставна алатка за уредување фотографииЗа оние кои сакаат да ги разубават своите фотографии пред да ги споделат со- прочитај повеќе
- Дали Џенифер Лопез најде ново момче? Пејачката не се одвојува од згодниот телохранител, а еве како изгледа (ФОТО)Папараците ја снимија Џенифер Лопез за време на божиќниот шопинг во Лос Анџелес, а најголемо внимание- прочитај повеќе
- Најбизарниот експеримент со луѓе што некогаш постоел: 101 ден биле на сплав за блуд, еве како живееле и што се случило (фото)Во 1973 година се случи еден од најбизарните општествени експерименти во историјата, познат како „Експеримент на- прочитај повеќе
- WhatsApp ја прекинува поддршката за постарите уреди со Android на 1 јануариКомпанијата Мета одлучи да ја прекине поддршката за апликацијата WhatsApp на старите уреди кои- прочитај повеќе
- Еве како изгледа животот во најстудениот град на светот! Погледнете го видеото кое освои над 21 милион луѓе: Александар наутро топи мраз за децата да имаат вода… (ВИДЕО)Можете ли да замислите да го започнете денот со тпење мраз, така што вашето- прочитај повеќе
Последните податоци покажуваат дека телефонот на пријателката на Луиза, којa е осомниченa за злосторството, бил регистриран повеќе од 70 минути на местото каде што е убиена Луиза.
Безживотното тело на девојчето, со повеќе од 70 убоди, било пронајдено во шумата Фрауденберг-Хоенхајм. Се верува дека нејзината најдобра пријателка ја намамила во шумата под изговор дека има специјално изненадување за Луиза. Луиза и’ испратила порака на мајка си дека оди со другарките да го види изненадувањето и никогаш не дошла дома.
Оружјето за убиство никогаш не е пронајдено, а постои сомневање дека Луиза била избодена со турпија за нокти. При обдукцијата биле откриени 74 убодни рани, а при нападот биле оштетени и бројни органи. Ниту една од убодните рани не била фатална, па заклучокот на судскиот вештак бил дека малата Луиза искрварила до смрт.
Во прилог на теоријата дека Луиза починала во агонија, тоа што телефонскиот сигнал на нејзината најдобра пријателка бил регистриран на местото на злосторството повеќе од 70 минути, пишува Телеграф.
Според неофицијални информации, убијците се фотографирале и со телото на Луиза.Никој не одговараше за ова грозоморно убиство, со оглед на тоа што осомничените поради возраста не можат кривично да одговараат.
Истрагата покажала дека осомниченото девојче дошло во шумата со торба и селотејп лента, со намера да ја удави Луиза, на што укажуваат трагите пронајдени на телото на убиеното дете. Кога не успеала во тоа, едната од девојките ја задржала Луиза, а потоа, веројатно, другата и’ нанела повеќе од 70 смртоносни убодни рани.
Она што дополнително ја шокираше светската јавност е фактот дека девојката се обидела да го прикрие злосторството. Извори од истрагата тврдат дека по убиството и’ се јавила на мајката на Луиза загрижена што Луиза сè уште не се вратила дома.
Додека сите ја барале Луизa, осомничената девојка била дома и бришела податоци од телефонот кои би можеле да ја компромитираат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.