„Дали ќе излезам денес ?“.
Момчето убиец од Белград станува се посилно. Секој ден инсистира да биде ослободен, но шансите за тоа се практично никакви, е насловот на порталот Blic.rs кој пишува дека 13-годишното момче кое уби осум врсници и училишен чувар на 3. мај, додека деветтото дете подоцна почина од повреди во болница, упорно бара да биде пуштено од клиниката тврдејќи дека – „повеќе нема причина да остане во болница“. Сепак, шансите тоа да се случи практично не постојат, пишува српскиот портал.
Момчето убиец за стореното дело е затворено во посебна установа, во изолација. Како што објави Blic.rs, кај него докторите вршат низа вештачења и дополнителни дијагностички процедури. За сето тоа време тој не покажува каење и е ладен и мирен и не барал контакт со никого. Порано поставувал прашања како „Кога ќе излезам ?“ и „Какви се реакциите на тоа што го направив ?“, но во последните неколку дена тој станал упорен и вршел притисок врз докторите да го ослободат – што, се разбира, не е можно, пишува српскиот портал.
Момчето убиец секојдневно ги прашувало докторите – „дали денеска ќе излезам“, коментирајќи дека – „нема причина повеќе да е тука“, бидејќи сите тестови се направени. Од друга страна, докторите сметаат дека момчето се уште е опасност за околината и постои можност доколку му се укаже можност да го повтори истото или слично кривично дело, наведува споменатиот портал.
„Оваа огромна опасност никој не може да ја исклучи“, рекол упатениот извор за порталот.
Ако се суди според изјавите и ставовите на претставниците на државните органи, нема шанси некогаш да се оствари желбата на момчето-убиец. Александар Вучиќ, претседателот на Србија, во деновите по масовните убиства во Белград и Младеновац, кажа дека – „тие чудовишта никогаш нема да излезат“ и дека народот на Србија треба да го знае тоа и дека „ќе има правда“.
По овие случаи, во Србија беше покрената акција за предавање на оружје, муниција и експлозиви кои граѓаните нелегално ги поседуваат. Рокот за таа кампања истекува на 8. јуни, кога државата најави строги казни.
Пронајдете не на следниве мрежи: