37-годишен жител на Скопје во Полициската станица Бит Пазар приавил дека во текот на јуни месец неговиот син од страна на неговите соученици во училиштето каде што учел бил ставен во група на социјална мрежа со неговото име, слики и видеа со експлицитна содржина
„Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата. Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.