Момчето Дејвид (5) од Индијана стана херој кога го спаси семејството од вооружени крадци кои упаднаа во нивната куќа.
Како што може да се види на снимките од надзорната камера, вооружени крадци упаднале во куќата со кршење на вратата.
Сепак, тоа не го исплашило момчето и тој започнал да фрла кон нив со колички и други играчки, но и да ги удира.
Мајката на храброто момче, Тамикија Рид, рече дека пеглала за време на грабежот. Таа вели дека не можела да поверува кога видела како реагирал Дејвид.
Тамикија смета дека поради неговиот чин, напаѓачите биле изненадени и нервозни, па побегнале. Толку ги изненадил што решиле да се повлечат и да си заминат што е можно побрзо.