Сезоната мандарините, едното од најомилените овошја во текот на ладни месеци пристигна. Овие мали, сочни цитрусни овошки со неодолив и кисело – благ вкус, станаа симбол на убавината и здравјето.
Нутритивната вредност на мандарините
Мандарините се нискокалорично овошје богато со витамини, минерали и антиоксиданти и претставуваат одличен извор на бројни, важни нутриенти.
Една мандарина со средна големина (околу 88 грама) содржи: 47 калории, 12 грама јаглехидрати, 2 грама влакна, 9 грама шеќер, 0,7 грама протеини, о,3 грама масти и 26% од дневната потреба за витамин Ц.
Покрај ова, мандарините содржат и значајни количества на магнезиум, калиум, бакар и железо. Ова мало овошје е вистинска нутритивна бомба која значајно може да придонесе кон вашиот секојдневен внес на витамини и минерали.
Мандарините и нивните здравствени придобивки
Редовното консумирање на мандарините носи бројни здравствени придобивки, од зајакнување на имунолошкиот систем до подобрување на здравјето на срцето и кожата. Ова вкусно, нискокалорично овошје нуди многу есенцијални, хранливи материи кои го поддржуваат целокупното здравје, а ова се неколкуте клучни предности од консумацијата на мандарините.
Јакнење на имунолошкиот систем
Мандарините се богати со витамин Ц, којшто е клучен за зајакнувањето на имунолошкиот систем. Помагаат во борбата против инфекциите, вирусите и настинките, како и за регенерацијата на ткивата.
Подобрување на здравјето на кожата
Витаминот Ц во мандарините исто така го поттикнува производството на колагенот, што ја подобрува еластичноста на кожата и помага во зараснувањето на раните и одржувањето на младоликиот изглед на кожата.
Здравјето на срцето
Калиумот во мандарините помага во регулирањето на крвниот притисок и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Флавоноидите како што е хесперидин делуваат како антиоксиданти што дополнително го подобрува здравјето на срцето и ги намалуваа воспаленијата.
Поддршка на дигестивниот систем
Мандарините се богати со влакна, коишто помагаат во дигестијата, го спречуваат запекот и помагаат во регулирањето на дигестијата. Редовната консумација на влакна помага и во одржување на здрава, телесна тежина.
Го намалува холестеролот
Флавоноидите и влакната во мандарините можат да помогнат во намалувањето на нивото на лошиот холестерол („LDL“), со што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Заштита од хронични заболувања
Антиоксидантите, вклучувајќи го витаминот Ц и флавоноидите, ги штитат клетките од оштетувања предизвикани од слободни радикали, со што го намалуваат ризикот од хронични заболувања, како што е ракот, дијабетесот и болестите на срцето.
Одржување на здравјето на очите
Витаминот А во мандарините помага во одржувањето на здравјето на очите, го подобрува видот во ноќта и го намалува ризикот од развој на очни заболувања поврзани со стареењето.
Хидратација на телото
Иако не постои строго правило околу тоа колку мандарини треба да се консумираат дневно, експертите препорачуваат консумација на 2 до 3 мандарини како дел од рамнотежената исхрана. Тоа ќе обезбеди доволен внес на витамин Ц и останатите важни нутриенти, без прекумерен внес на шеќер.