Британската плус сајз манекенка Тес Холидеј е една од топ темите во модниот свет.
Тес на пистата на Модната недела во Њујорк се прошета во тесен бел фустан и ги покажа со гордост своите 127 килограми. Додека одеше по пистата на врвниот настап во Њујорк , 34- годишната манекенка се држеше за градите и ја провоцираше публиката.
Британката носеше и бели папучи на пистата, како и впечатлива шминка, така што последните два дена е главен хит на настанот.
Неколку пати водителот и новинар Пирс Морган ја искритикува дека не станува збор за манекенка, туку за жена со премногу килограми, која не треба да се промовира во медиумите.
Некои коментираат дека овој нејзин потег е храброст, други дека е лудост.
Што мислите вие?