Директорот на БЈБ, Лазе Велковски на вчерашната седница е сменет од функцијата, а на негово место, привремено ќе бидее назначен Бесир Деари, додека не се најде соодветно решение. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по овој повод испрати провокација кон Диме Спасов, кој во октомври, 2016 година направи сообраќајка и побегна, во мошне контроверзен и досега неразјаснет случај на бркотница.
„Директорот на БЈБ е сменет. Оние кои одеа и на спиење дома (а и се бркаа по улици) со службени коли, бараат уште одговорност. Long live Диме Спасов!“, истакна Манчевски на својот Твитер профил.
Кога веќе се потсетуваме на случајот со Диме Спасов треба да се нагласи дека подоцна се појави снимка каде се гледа дека врз него е употребена бруталност и потегнато оружје од страна на службени лица врз министер во Владата на РМ. До ден денешен не е познато некој да бил одоговорен и случајот да е разрешен.