Манчестер сити го надигра Ливерпул за четвртфинале во Лига Купот (ВИДЕО)

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд по само 10 минути се запиша во листата на стрелци, откако ја затресе мрежата на Ливерпул за 1-0, но гостите се вратија во игра преку Карваљо (1-1).

Манчестер сити ја имаше контролата врз мечот и на стартот на вториот дел повторно поведе преку Марез, но радоста траеше само една минута бидејќи Салах веднаш ја врати неизвесноста (2-2).

„Граѓаните“ продолжија со притисокот кон голот на Келехар, а лошата одбрана му дозволи на Аке да го пронајде патот до мрежата на Ливерпул за победа од 3-2.

Пронајдете не на следниве мрежи: