Манчестер јунајтед тргнува по две мега засилувања

Манчестер јунајтед е подготвен уште еднаш да го одврзе ќесето и на Тен Хаг да му донесе две големи засилувања кои се актуелни периодов, особено по Светското првенство.

Се работи за Енцо Ернандез и Коди Гакпо за кои Манчестер јунајтед можеби ќе треба да издвои и 200 милиони евра за да ги добие.

Според „Мирор“, Манчестер јунајтед влегол во преговори со ПСВ Ајндховен за Коди Гакпо. Холандскиот клуб е во финансиски проблеми, па црвените ѓаволи сакаат да го искористат тоа.

Интересот за 23-годишниот Холанѓанец не е мал, ПСВ сигурно нема да го продаде под 60 милиони евра, а може таа цена да оди и нагоре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.