Италија тагува по легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, а еден од луѓето кои се збогуваа со него е Роберто Манчини.
Манчини кажа дека ова е ден кој никогаш не сакал да го доживее бидејќи загубил голем пријател.
„Ова е ден кој никогаш не сакав да го доживеам затоа што загубив пријател со кој 30 години од својот живот поминав на терен, но и надвор од него. Оваа страшна болест зема човек на 53-годишна возраст, кој се бореше до последен момент како лав“, вели Манчини.