Мараја држи диета која сите ја мразат! Ова морала целосно да го заборави за да симне 20 килограми!

Норвешки лосос и капари – тоа е наводно сè што јаде пејачката по цел ден, само за да ја одржи линијата совршена.
Странските медиуми зборуваат за нејзината диета, која, како што кажува и самата пејачка, многу е тешка за држење и никој не ја сака, а во нејзиниот случај – и тоа како дава добри резултати.
„Баш е тешка. Би ја мразеле. Но, јас баш се трудам да ја држам, да бидам на протеини.

Многу е тешко“, рекла во една прилика Мараја, која освен ваквиот режим на исхрана редовно и вежба.
Инаку, за разлика од повеќето пејачки кои често напоменуваат дека со танц ја одржуваат линијата, Мараја воглавно само пее на сцена и приватно се занимава со аеробик.
Здрави оброци полни зеленчук, редовно движење и целосно избегнување леб, чоколади и генерално слатки работи – тоа е она на што треба да му биде благодарна поради симнувањето дури 20 килограми.
Доколку сепак сака нешто слатко, посегнува исклучиво по боровница или манго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.