Дизајнерката Маријана Матеус, инаку бивша жена на фудбалската легенда Лотар Матеус, била спремна во јавноста да пушти експлицитно видео, но се откажала кога добила „пристојна“ сума.
Маријана наводно го снимала сексот со познат фудбалер кој игра во Англија, а откако ставиле крај на врската почнала да го уценува со видеа и фотографии.
Фудбалскиот луб во кој игра нејзиниот екс љубовник и дал 100 000 евра и џип мерцедес за да молчи. Инаку, тие биле една година во тајна секс – комбинација, која се завршила откако фудбалерот дознал дека неговата сопруга е бремена по трет пат. Тогаш всушност и настанала целата гржва, од која Маријана добро профитирала.
А се почнало кога Маријана, тврдат добро известени извори, му се заканила дека ќе објави нивно видео и фотографии. Тој освен што е во брак во моментот бил и еден од најплатените играчи, па не смеел да си дозволи таков скандал. Нервозата кај играчот брзо ја забележале и во клубот, а на водечките луѓе морал да им признае што му се случува.
Инаку, фудбалерот е мошне ценет на теренот и во тоа време бил еден од водечките играчи од Србија во Англија па тренерите никако не сакале да дозволат да пукне брука и да му пропадне сезоната, па ја подмириле Маријана. Снимка за ќеш и автомобил!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.