Девојче од Гевгелија ќе собира пари за својата сограѓанка
По малата Нина од Нови Сад, која собираше пари за лекување на својот болен татко, сега уште едно девојче, но овој пат од Македонија, ќе продава крофни за да собере пари за лекување на своја сограѓанка.
Како што пишува во објавата на Фејсбук страницата на „Гевгелија.нет“, Марија Митрова (11) ќе меси и продава крофни и лимонада за да собере шари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија.
Марија и Луна се сограѓани и не се познаваат. Но кога ова 11-годишно девојче дознало за маката на 14 годишната Луна, решила да помогне.
Таа ќе ги продава своите крофнички полни со љубов на градскиот плоштад Фонтана на својот прекрасен штанд.