Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа и двајца македонски претставници.
Марио Арангеловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша и помина во следниот круг и Сара Ристеска која беше под менторство на Александар Милиќ Мили.
Сара се претстави со песните „Океани“ од Јелена Томашевиќ и „Тешко без тебе“ од Тамара Тодевска.
По нејзината интерпретација таа имаше само три гласа.
„Извини, те молам немој да не се лутиш. Мене ова ми звучеше како „парење на мачки“. Јас тоа го слушнав, те молам извини. Имаш некое познавање, имаш талент. Мораш да работиш уште многу за да бидеш добра“,изјави Марија Шерифовиќ.
Јелена Карлеуша се согласи со коментарот на Марија и истакна дека таа добро го објаснила пеењето на македонската кандидатка.
„Мислам дека имаш погрешен избор на песни. Ти имаш глас, но почетоците беа „кукуу“, изјави Јелена.
Мили кој е ментор на Сара се согласи со неговите колеги.
„Се до последниот рефрен на втората песна, беше толку многу млако. Но, тогаш покажа дека можеш“, изјави Милиќ.
Саша Поповиќ беше тој кој што требаше да одлучи дали Македонката ќе помине или не. Сепак, тој не и даде глас, па така битолчанката ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.
Настапот на Ристевска може да го погледете во видеото подолу на 1:17:01.