Мароканец украл камион во Кочани, фатен кај Лојане!

Синоќа во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко.

Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице.

По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: