Во текот на претходните два дена борби во областа Курск, руската армија ослободила дури десет населени места, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Како што се наведува во соопштението, населбите Апанасовка, Бјахово, Вишњевка, Викторовка, Вњезапно, Гордејевка, Краснооктјабрско, Обуковка, Снагост и Десјати Октјабр се под контрола на Вооружените сили на Русија.
Руските трупи ги продолжуваат операциите за разбивање на непријателските единици кои навлегле на територијата на регионот Курск, потврди руското воено одделение.
Во текот на претходниот ден, единиците одбиле два непријателски напади кај населбите Фанасејевка и Снагост и спречиле непријателска офанзива кај Олговка.
Во тие битки, вооружените сили на Украина загубиле до 20 војници, оклопно борбено возило и автомобил, прецизира Министерството, додавајќи дека еден украински борец се предал.
Вкупно, од почетокот на борбите во областа Курск, Украина загубила повеќе од 12.500 војници, се наведува во соопштението на Министерството.
Во борбите претходниот ден Украина загуби повеќе од 300 војници и 24 оклопни возила, вклучувајќи пет тенкови, шест оклопни транспортери и 13 оклопни борбени возила.