МАСАКР НА ПАЗАРОТ, НАЈМАЛКУ 16 МРТВИ! Погледнете го моментот на рускиот напад на украинскиот град во Донбас (ВИДЕО)

Украинското радио Свобода објави, повикувајќи се на репортер на Радио Слободна Европа, дека руската армија извршила напад врз градот Костијантинивка (на руски Костантиновка) во областа Доњецк.

МАСАКР НА ПАЗАРОТ, НАЈМАЛКУ 16 МРТВИ! Погледнете го моментот на рускиот напад на украинскиот град во Донбас (ВИДЕО)

Се наведува дека засега се знае дека загинале 16 лица, а целосниот обем на уништувањето се уште не е утврден.

Киев пост објави дека е погоден локален пазар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека во руското гранатирање на Костијантивка загинале 16 лица.

– Руски терористи нападнаа обичен пазар, продавници, аптека, убивајќи невини луѓе. Бројот на жртви може да се зголеми. Секој во светот кој продолжува да се занимава со што било од Русија, едноставно ја игнорира реалноста – напиша Зеленски заедно со видеото од надзорната камера што го прикажува моментот на нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.