Маск: Никогаш нема да одиме на Марс ако победи Kамала

Илон Маск ги информираше своите следбеници на платформата Икс дека планира да испрати пет вселенски летала на Марс во рок од две години, истакнувајќи ја амбициозната визија за иднината на меѓупланетарното патување.

„На крајот ќе има илјадници ѕвездени бродови кои ќе одат на Марс. Тоа ќе биде прекрасна глетка,“ изјави Маск, изразувајќи го својот оптимизам за иднината на неговата компанија „Спејс икс“.

Маск, кој е поддржувач на Доналд Трамп, предупреди дека уште еден мандат на демократската администрација би можел сериозно да го попречи патот кон Марс.

„Никогаш нема да стигнеме на Марс ако победи Камала,“ истакна Маск, реферирајќи на вицепретседателката Камала Харис. Ова е став што го дели и Трамп, кој вети дека за време на својот мандат ќе испрати луѓе на Марс.

„Ќе разговарам со Илон. Илон, пушти ги ракетите,“ рече Трамп на еден од своите митинзи.

И покрај значајните достигнувања на „Спејс икс“ во последните две децении, Маск изрази фрустрација поради бавноста на програмата „Старшип“ поради сложената американска бирократија.

„Една од моите најголеми грижи во моментов е дека програмата Старшип е задушена од тони владина бирократија која расте секоја година,“ нагласи тој. Сепак, Маск останува убеден дека беспилотните летала ќе стигнат до Марс во следните две години, а мисиите со човечки екипаж би можеле да започнат до 2028 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: