МАСК ОФИЦИЈАЛНО СТАНА СОПСТВЕНИК НА ТВИТЕР: Веднаш подели откази до раководството и најави дополнителни!

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

МАСК ОФИЦИЈАЛНО СТАНА СОПСТВЕНИК НА ТВИТЕР: Веднаш подели откази до раководството и најави дополнителни!

По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку главни директори и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека сака да ги „победи“ ботовите и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Засега Маск не даде детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.