Мајката на Кевин од „Сам дома“ глуми во хит-серијата за оваа година, а никој не ја препозна

Кетрин О’Хара е актерка на која многумина се сеќаваат на божикниот класик „Сам дома“. Таа ја глумеше мајката на Кевин МекКалистер, кој го глумеше Меколи Калкин.
Божик е „пред врата“, а филмот веќе почна да се прикажува на малите екрани.
Иако комедијата се емитува со години, неизбежно е речиси секое семејство да ја гледа повторно за време на новогодишните и божникните празници. И никогаш не станува здодевен. Самата Кетрин се присетила на својата реакција кога сфатила дека го заборавила Кевин дома. Таа направи видео во кое го вметнала исечокот од филмот и нејзината реакција денес.
Кетрин О’Хара (66) ја снимила својата реакција кога сфаќа дека го заборавила Кевин, а многумина се изненадиле кога сфатиле дека станува збор за истата личност која што ја толкува улогата на Моир Роус во серијата која што оваа година доминираше на доделувањето на наградите „Еми“.


Видеото настанало пред неколку месеци во епизодата на шоуто „Reunited Apart“, која што се фокусираше на оддавање почит на режисерот Џон Хјус. Неколку актери ги рекреирале своите сцени од филмовите, а О’Хара се појавува при крајот од епизодата.
Снимката моментално стана вирална, откако некои од Твитерџиите открија дека станува збор за Моир од серијата „Schitt’s Creek“.
„Ми требаа пет сезони од „Schitt’s Creek“ за да сфатам дека тоа е Моир, мајката на Кевин од „Сам дома““, е само една од реакциите на социјалната мрежа Твитер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.