Мајка која верувала дека го оплакува својот убиен син во Ла Ентрада, Хондурас, била шокирана кога тој и се јавил за време на бдеењето организирано за него.
Семејството со денови верувало дека Осман Адонај Урбина (17) е брутално убиен.
Телото на тинејџерот било пронајдено на 15 октомври во неговиот роден град. Неговото лице било изобличено од повеќе прострелни рани во главата, а неговото семејство го идентификувало врз основа на изгорената лузна на раката. Полицијата потоа го предала телото на семејството кое сакало да бдее во нивниот дом.
Тогаш се случува незамисливото! За време на бдението, Урбино, кој требало да биде во ковчег, преку видео повик ја повикал својата мајка Вилма Фуентес.
Се испостави дека тинејџерот ја напуштил земјата три недели порано и се обидел да замине во САД. Тој, наводно, се јавил на мајка си од границата меѓу Гватемала и Мексико и рекол:
– Овде сум на граница! Јас сум жив. Не сум мртов – рече тој.
После тоа повикале полиција за расветлување на ситуацијата. Се испоставило дека телото е на исчезнатиот Џини Сармиенто (15). Семејството на момчето било информирано и потврдило дека се работи за нивниот син.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.